Mitsubishi Motors го засилува темпото во Европа

Рекордна продажба во првите 9 месеци

Mitsubishi Motors продолжува со својот успех во продажба на најпребирливиот пазар во светот, Европа. Во првите 9 месеци, јапонскиот автомобилски бренд успеал да продаде 134 илјади возила, односно 7% повеќе во однос на истиот период од минатата година.

Порастот на продажбата е забележан кај речиси сите модели, но најмногу кај електрохибридниот модел Outlander PHEV, кој бележи пораст од дури 78%, како и новиот модел Eclipse Cross со дури 12% зголемување.

Следствено на овие резултати, Outlander PHEV останува најпродаваниот електро-хибриден модел во Европа и досега само во Европа од своето појавување во 2013 година, продадени се над 150.000 возила

Инаку, Германија е земјата каде се продаваат најголем број Mitsubishi возила во Европа. Од останатите големи пазари се вбројуваат Велика Британија и Шпанија.