L200

Ние го тестиравме новиот пикап L200 во мошне тешки услови. Да се поминат тешките услови, не е доволно за нас. Новиот L200 мораше да ги издржи најекстремните услови. Новиот L200 може беспрекорно да се движи на различни терени, благодарение на добро познатиот систем за погон на 4 тркала, развиен од страна на Mitsubishi Motors, Super Select 4WD-II. Овој исклучително напреден систем ја контролира моќноста и сопирање на секое тркало одделно.

Како функционира?

Опција: 2H

2WD HIGH RANGE

Со погон на 2 тркала. Доколку ја изберете оваа опција за движење, се добива глатко и економично возење и заштеда на потрошувачката на гориво.

Опција: 4H

4WD Постојан погон

Оваа опција овозжможува поголема стабилност при влечење или кога е потребно поголемо зафаќање на подлогата. Истата може да се активира во движење на возилото при максимална брзина од 95 км/час.

Опција: 4HLc

Погон на 4 тркала со високи вртежи и заклучување на централен диференцијал.

Оваа опција може да ја користите за рамнотежно распоредување на моќноста на тркалата, како и подобро зафаќање на тркалата со подлогата.

Опција: 4LLc

Погон на 4 тркала со ниски вртежи и заклучување на централен диференцијал.

На овој начин се овозможува подобра можност при завртување, како и максимална влечна сила на сите терени.

Напреден погон

Моторот на Mitsubishi L200 е вистински триумф на инженерството. Блокот на моторот е произведен од легура на алуминиум, поради што има исклучително, мала тежина. Во комбинација со common rail систем со директно вбризгување, добивате мотор со висока ефикасност.

**3.5 тони капацитет на влечење на приколка со сопирачки на 3 оски.

3.1 тони капацитет на влечење на приколка со сопирачки на 1 или 2 оски.

0.75 тони капацитет без оглед на бројот на оските на приколката и сопирачки.

Mitsubishi L200 не само што е моќен, туку и издржлив

L200 со леснотија може да влече приколки кои имаат различна носивост, како што се за градежна или земјоделска опрема. И системот за погон на 4 тркала помага да се одржи возилото стабилно на непредвидливи патни површини.

L200 внатрешност

Во внатрешноста на пикапот L200; ќе најдете многу опции кои не би ги очекувале во еден пикап. Уживајте во просторната кабина, високиот квалитет на изработка на седиштата и аудио системот.

Кабина со големина водечка во својата класа

Двојната кабина нуди најдобар простор во својата класа за своите патници, за да може да патуваат удобно.

Патувајте конектирани

Овој систем му овозможува подобра контрола на возачот, а уредите за забава добиваат повисоко ниво на значење. 7 инчниот екран, чувствителен на допир, обезбедува контрола на аудио сустемот, потоа ја нуди опцијата hands free за управување со телефонот, како и 360 степени преглед со камери, за полесно паркирање.

L200 Ценовник

Симни PDF

L200 Каталог

Симни PDF

L200 Аксесоари

Симни PDF