Eclipse Cross

SUV-Coupé. SUV кој не знае за ограничувања.

Атрактивен со динамичен облик, новиот Eclipse Cross создава чувство на возбуда и инспирира налик на дијамантски прстен, кој се создава како ефект нарешен „Еклипса“, добиен при целосно затемнување на сонцето. Името „Eclipse“, во Mitsubishi за првпат се појавува како име на популарниот купе модел во 1989 година, а денес се комбинира со името Cross како потполно нов Eclipse Cross, создаден за авантура.

Eclipse Cross внатрешност

Уживајте во удобноста и практичноста. Удобните задни седишта со 9 положби на наслонот и прилагодување со поместување од 200 мм може да се придвижи до крајна задна позиција со цел да се добие оптимален простор за нозете. Ова Ви овозможува да го прилагодите новиот Eclipse Cross на Вашите потреби и ефикасно користење на внатрешноста.

Mitsubishi Eclipse Cross избран за кросовер на годината во Германија

Германските читатели на специјализираниот магазин за теренски возила „OFF ROAD“ го избраа моделот на Mitsubishi, Eclipse Cross, за најдобар кросовер во Германија, меѓу повеќе десетици модели на конкуренцијата. Неговата супериорност се должи и на традиционалната врвна технологија за погон на сите тркала, која ја поседува Mitsubishi, а развивана со децении на познатите рели трки ширум светот.

Mitsubishi Eclipse Cross ја освои наградата „Good Design“

Компактниот SUV-модел на Mitsubishi Motors, Eclipse Cross, е добитник на наградата за дизајн „Good Design“, која секоја година ја доделува јапонскиот институт за дизајн промоции. Eclipse Cross претставува спој на купе и дизајн на динамично SUV-возило, со стилски карактеристики и перформанси на Mitsubishi.

Новиот Mitsubishi Eclipse Cross поцврст од најскапите луксузни возила – покажаа светските институти за безбедност

Новиот Mitsubishi Eclipse Cross успешно го мина тестот на австралиско-азискиот независен институт за безбедност ANCAP, освојувајќи максимални 5 ѕвездички. Инаку, на тестирањата за заштита на возрасните патници во возилото, новиот Mitsubishi Eclipse Cross се покажа како побезбеден и поцврст во однос на сите тестирани конкурентни возила и тоа од повисоката луксузна класа, при што кај Eclipse Cross е забележана значителна подобра заштита на патниците во возилото.

Надворешни бои и материјал за седиштата

Техничка спецификација

Мотор
Тип 1.5 MIVEC TC – EURO6d 2.2 DI-D IC TC
Зафатнина 1499 2268
Максимална силина 120(163)/5500 rpm 109(148)/3500 rpm
Максимален вртежен момент 250/2400-4500 rpm 388/2000 rpm
Димензии и тежини
Вкупна должина 4405 mm
Вкупна ширина со преклопени ретровизори 1805 mm
Вкупна висина 1685 mm
Меѓуоскино растојание 2670 mm
Предна и задна трага 1545/1545 mm
Растојание од пат 183 mm
Тежина на празно возило 1425-1560 kg 1675 kg
Капацитет на патници 5
Багажен простор 341-448 l
Перформанси
2WD MT / 2WD CVT / 4WD CVT 8AT
Mаксимална брзина 205 / 200 / 200 193
Забрзување 0-100 9,7 / 9,7 / 10,4 11,4
Горивна потрошувачка
Градска л/100км 8,5 / 7,9 / 8,8 8,3
Комбинирано л/100км 7 / 7,1 / 7,7 6,9
Отворено л/100км 6 / 6,6 / 7 6,1
Резервоар капацитет 63 l / 63 l / 60 l 60
CO2 g/km комбинирано 159 / 162 /175 183

Eclipse Cross Ценовник

Симни PDF

Eclipse Cross Каталог

Симни PDF

Eclipse Cross Аксесоари

Симни PDF