ASX

За секоја авантура.

Лесен за управување

Со својот нов, надворешен изглед и напредна технологија за безбедност, како и нови детали во изгледот на внатрешноста на возилото, ASX е целосно редизајниран и инспирира за уникатни, урбани авантури.

Штедлив мотор

Исто така, можете да уживате во оптималните перформанси на еколошки ефикасниот MIVEC бензински мотор, со зафатнина од 1,6 литри и 117 КС. За штедливоста на овој мотор придонесува и системот Auto Stop & Go, кој автоматски го исклучува моторот доколку го запрете возилото. На таков начин се сопира непотребното трошење на гориво, како и штетната емисија на CO2.

Секогаш на дофат на Вашиот поглед

Штом сте во ASX, ќе бидете изненадени колку е удобна позицијата за седење – без оглед на аеродинамичниот изглед на возилото. Задоволството при возењето, почнува со доверливоста, а таа произлегува од добрата контрола. ASX располага со широка трага на тркалата и долго меѓуоскино растојание за постигнување одлична стабилност на возилото, како и MacPherson потпирање и мулти-линк задна суспензија, за лесно минување по евентуалните нерамнини.

Простор за сè

Простор кој што овозможува одлична прегледност и доволно место за сите потребни работи кои сакате да ги понесете со себе. Ова е обезбедено со багажен простор со капацитет од 406 литри, потоа дополнителен простор од 26 литри во подот на багажникот како и место за сместување на најмногу 5 патници. Широкиот отвор на багажниот простор го прави складирањето особено лесно.

Избор на бои

Техничка спецификација

Мотор
Тип 1.6 MIVEC – EURO6d
Зафатнина 1590
Максимална силина 86(117)/6000 rpm
Максимален вртежен момент 154/4000 rpm
Димензии и тежини
Вкупна должина 4365 mm
Вкупна ширина со преклопени/отворени ретровизори 1770 mm
Вкупна висина 1640 mm
Меѓуоскино растојание 2670 mm
Предна и задна трага 1525/1530 mm
Растојание од пат 190 mm
Тежина на празно возило 1260 kg
Капацитет на патници 5
Багажен простор 406 l (со вклучени 13 l под подот)
Перформанси
Mаксимална брзина 183
Забрзување 0-100 11,5
Горивна потрошувачка Градска л/100км - 6,9
Комбинирано л/100км - 5,7
Отворено л/100км - 4,9
Резервоар - капацитет 63 l
Менувач 5 степен мануелен

ASX Ценовник

Симни PDF

ASX Каталог

Симни PDF

ASX Аксесоари

Симни PDF