Новиот Mitsubishi Eclipse Cross награден за најдобар дизајн

Најновиот модел на Mitsubishi Motors, Eclipse Cross и концепт моделот GT-PHEV Concept ја освоија престижната награда за дизајн GOOD DESIGNTM* на меѓународниот музеј за модерен дизајн и архитектура, со седиште во американскиот град Чикаго.

Наградите го покажуваат успехот на Mitsubishi Motors при креирање на дизајнот кај најновиот модел, како и изгледот на автомобилите од иднината.

Наградата GOOD DESIGNTM* е најстара и најпрестижна глобална програма за избор на исклучителен дизајн и иновации. Истата е воспоставена во 1950 година од страна на тогашните врвни дизајнери и архитекти Edgar Kaufmann, Jr., Eero Saarinen, Charles и Ray Eames.

„Eclipse Cross е првиот, нов модел на Mitsubishi Motors кој ја поседува нашата дизајн фолизофија. Тоа е спој на остра купе верзија и динамично SUV возило со Mitsubishi стил, технологија и доверба, изјави потпретседателот на компанијата и одговорен на дизајн одделот на Mitsubishi Motors, Tsunehiro Kunimoto.