Гаранција

Mitsubishi гаранција

Mitsubishi Motors дизајнира и произведува висококвалитетни возила и компоненти со цел да им обезбеди на нашите клиенти трајни моторни возила и одлични услуги за одржување на Вашето возило во оптимална работна состојба. Имаме највисока почит кон животната средина и употребуваме материјали кои може да се рециклираат и повторно да се користат откако Вашето Mitsubishi Motors возило дојде до крајот на својот економски животен век.

ПРОФЕСИОНАЛНО ОДРЖУВАЊЕ

Дури и новите автомобили бараат редовно одржување и сервисирање. не само за да се загарантира Вашата мобилност, туку и за Вашата безбедност и на Вашите патници. Обучени професионалци кои користат специјалистичка дијагностичка опрема и оригинални делови во Вашиот авторизиран сервисен центар на Mitsubishi се подготвени да се посветат. Ќе бидете известени за цената однапред, па нема да има непријатни изненадувања кога ќе се вратите за да го преземете Вашето возило.

СЕОПФАТНА ГАРАНЦИЈА

Новите Mitsubishi возила се стандардни со сеопфатна гаранција од 5 години, или до максимум 100.000 km, кое ќе настапи прво. Гаранцијата за антикорозиска перфорација покрива 'рѓосување во првите 12* години. Статистиките за доверливоста на Mitsubishi возилата се беспрекорни, но во ситуација со мала веројатност ако Ви треба помош, ние нудиме MAP. *Зависно од моделот и пазарот. За детали видете во Вашата сервисна книшка.

MITSUBISHI MOTORS ПАКЕТ ЗА ПОМОШ (MAP) – БЕСПЛАТНА АСИСТЕНЦИЈА

Со цел да ја покажеме нашата заложба за вашата мобилност и вербата што ја имаме во издржливоста на нашите возила, ќе добиете бесплатна MAP карта, со важност 5 години со Вашето ново возило. Со MAP картата вашата мобилност е загарантирана во повеќе од 30 држави низ Европа. Доколку Ви треба помош во случај на дефект, незгода, кражба или вандализам, каде и да сте, 24 часа на ден, 7 дена во неделата – само јавете се на бројот од Вашата карта и проблемот ќе биде решен на местото. Доколку е посериозно, Вашето возило ќе биде однесено до најблискиот дистрибутер на Mitsubishi и ќе Ви бидат понудени услуги како хотел, продолжување на патувањето или заменско возило и враќање на возилото.