Алесандро Дамброзио, новиот главен дизајнер на Mitsubishi Motors

Mitsubishi Motors продолжува со реорганизацијата, за што во изминатиов период најавува големи промени и силен напад на автомобилскот пазар со различни нови производи. Како дел од оваа стратегија е и назначувањето на новиот главен дизајнер на Mitsubishi Motors, искусниот италијанец Алесандро Дамброзио.

Тој ќе биде одговорен за сите дизајн студија во сместени во јапонските градови Оказаки и Токио, како и во германскиот град Франкфурт.

Дамброзио кој потекнува од Милано, својата кариера ја започнал во FIAT, работејќи на брендот Lancia, а исто така минал дури 8 години како главен дизајнер во Alfra Romeo. Исто така бил главен на дизајн центарот на Maserati, како и на Audi Concept дизајн студиото во Минхен.